Posts

Showing posts from February 3, 2021

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ ПОСЕДУВАТЕ ПИСАТЕЛСКИ ТАЛЕНТ?

Image
  Многумина од заинтересираните за работилницата за креативно пишување, со право ме прашаа: „како да знам дали сум соодветен кандидат за работилницата?; дали можеби треба да имам некакви предзнаења?; како да знам дали поседувам писателски талент? За да посетувате работилница за креативно пишување, не е потребно да поседувате никакви предзнаења од областа на книжевноста. Доволно е да умеете да смислувате приказни.   Прашајте се себеси: - дали кога седите дома пред менталниот екран ви прелетуваат настани, дијалози и ликови?; - дали кога се возите во автобус ги приметувате деталите на лицето на патниците и без контрола започнувате конструирате приказна?; -дали можете да го задржите вниманието на „публиката“, правејќи „драма“ од неважна ситуација? Ако на прашањата одговорите позитивно, тогаш вие имате талент за пишување. Работилницата за креативно пишување е замислена како забава. На часовите ќе добиете ветер во грб за да ја употребите својата имагинација. Јас верувам дека