Posts

Showing posts from October 29, 2023

Лука „РОНИ, ВУЛИ И ЦРВЕНКАПА“ (расказ)

Image
    Тивки, а сепак разиграни во ритам, дождовните солзи танцуваа на прозорските капаци. Часовникот типкаше и ми шепотеше дека ноќта е длабоко навлезена во прегратките на облаците и дека на мојот ум му е потребен сон. Сонот никако не доаѓаше во собата на чиишто ѕидови сенките од улицата создаваа мистериозни слики. Мислите за она што ќе се случи, во утрото што доаѓа, ми тежеа на очните капаци и татнеа како громовите во далечината. Дали навистина посакувам да се случи неизбежното или сето ова е само сцена од некој филм, прераскажуван одново и одново. Дали посакуваниот исход ќе ме направи среќна и сѐ ќе биде во ред после тоа или само ќе ја направи болката во грбот засекогаш присутна, како потсетник на она што се обидувам да го заборавам. Веќе стана бесполезно лежењето во студениот кревет и со крајни напори, полека се исправив и решив да се напијам нешто топло кое би ми ги стоплило сите сетила или барем за миг би ме релаксирало. Немаше потреба да ги вклучам светлата во мојот мал и штоту