Posts

Showing posts from October 27, 2021

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги читатели, Есенската група од Работилницата за креативно пишување полека привршува, а моите драги ученички-писателки кои од првиот час се уникатни и многу креативни, за само пет часа се дооформија во писателки со сопствен стил, преференци и идеи за нивните следни збирки раскази и романи.  Јас на минатиот час, инспирирана од новелата на Алесандро Барико „Трипати во ноќта“ им дадов предизвик да напишат расказ во кој еден маж и една жена ќе се сретнат три пати во една ноќ, во хотел во Скопје. Секако резултатот беше неверојатен, дури и за мене. Тие за само еден училишен час успеаја да одговорат на предизвикот и да напишат расказ! Расказот на Христина го објавуваме прв, по случаен избор.  Следните денови ќе ги објавиме и расказите на останатите писателки. Дотогаш уживајте во верзијата на Христина Кочовска. Мене ми беше исклучителна чест и задоволство да ја менторирам нејзината работа, да  ѝ  помогнам да го унифицира својот стил. Верувам дека оваа млада писателка ќе биде ново големо име