Posts

Showing posts from November 1, 2021

МАША ТОДЕВСКА „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги наши, Третата писателка која денес ќе ја читате се вика Маша Тодевска. Научно-фантастичната поетика на нејзината проза искрено ме восхити. Таа е нешто помлада од сите досегашни учесници во Работилницата, па од неа очекувам томови романи за нашите читатели. Ma ша Тодевска „Трипати во ноќта“ (расказ напишан според истоимената новела на Алесандро Барико) Целиот свет пропадна под мракот, кој како прекривка ги покри сите емоции, задушувајќи ги. Градбата изгледаше поголемо од вообичаено, почудесно и потаинствено. Хотелот „Александар Палас“ беше осветлен, но неприродната темнина имаше надвладеано и ретка магла го обвиткуваше хотелот. Пол, исцрпен од долгата ноќ помината шетајќи низ Скопје, без двоумење реши да го заврши тој ден и да продолжи со прошетката следното утро. Тој не знаеше дека наскоро ќе се сретне со една личност која ќе биде неговата пропаст. Како што излегуваше од својот автомобил, тој ја забележа прекрасната дама која внимателно чекореше кон хотелот. Изгледаше како само