Ивана Глоѓуновска
Ивана Глоѓуновска е македонска поетеса и прозна авторка родена во 1987 година во Скопје. Автор е на делата „Измешани чувства“ (2022), „Вистинска љубов“ (2022) и автобиографскиот-прозно дело „Молкот на страдањето“ (2023). Со своето творештво учествува на бројни поетски манифестации во земјата и надвор од неа, меѓу кои и хуманитарниот проект „Твори, читај, биди хуман“ и меѓународниот собир „Загрлиме стихом“, каде е добитничка на признание за најдобра песна во регионот од Македонија. Покрај пишувањето, Ивана создава сцени и мигови каде зборот оживува – организира поетски настани за деца и возрасни, промовирајќи македонски автори и спојувајќи ги луѓето преку уметноста, како мозаик од срца и стихови што се преплетуваат во светлина и надеж. Таа е втората писателка која креира во нашата Работилница. Повелете нов расказ. Темнината што остана (расказ) Автомобилот тивко се движеше низ кружниот тек, со брзина не поголема од дваесет километри на час. Тони Рајковски внимателно го запре автомоб...