Posts

Showing posts from February 4, 2024

Почеток на тенката линија

Image
 По вториот час од нашата Работилница, која ја започнавме на крајот на јануари, го имаме првото дело кое сакаме да го споделиме со вас, драги наши читатели. Нашата Тања напиша вовед во нешто што ќе прерасне во подолг прозен текст.   Taња Јовевска ПОЧЕТОК НА ТЕНКАТА ЛИНИЈА  Стоеше потпрена на еден од болничките ѕидови, за неа добро познати. Беше облечена во едни стари тренерки дадени за спомен. Нејзината коса беше неуредна, што беше одраз и остаток што го влечеше како опашка од нејзиното претходно петгодишно секојдневие. Планираше да се ослободи од таа опашка  во наредните денови. .  Беше први јануари.2018, денот кога Ања рече: ,,Доста е! Нема ништо од себе да сменам, напротив ќе дојдам до себе, ќе бидам јас”. Нејзинатацел беше поставена и таа ќе ги земеше препреките, секој нов ден ќе ги земеше под пазувите за да го осетат нејзиниот мирис на решителност, посматрајќи како нем сведок како препраките безоглаво ја напуштаат , а таа со смиреност ги отпоздравуваше. Насмевката ѝ отсуствуваше б