Posts

Showing posts from October 29, 2021

ВЕДА „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги читатели,  Денес го објавуваме расказот на Веда. Поради нејзината желба да остане анонимна, јас нема да откривам ништо за неа, освен дека сум среќна што ја запознав. Уверена сум дека од неа следат нови книжевни предизвици, кои ќе ве израдуваат и вас, читателите.  „ Трипати во ноќта“ (според истоимената новела од Алесандро Барико) Напишано од Веда   Мал спортски автомобил се движеше низ скопските полупразни улици со огромна брзина. Зад воланот беше Елена, сопруга на тајкунот Иво Попчевски. Нејзината моќ ја потврдуваше несекојдневната регистрација  „EP 007“ – Елена Попчевска. Нејзиниот немирен дух сакаше брзо возење. Овој пат причината за покачениот адреналин беше друга. Таа бегаше. Во куќата на Водно остави машки труп. Расправијата со нејзиниот сопруг заврши кобно. Тој, мртов, на белиот, крвав килим во спалната соба. Таа закитена со модар накит околу вратот и окото. Причина за расправијата беше нејзиното неверство, овојпат докажано со слики од изнајмен детектив. Пол беше