Posts

Showing posts from October 25, 2023

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“

Image
  Драги мои, Нашата Eсенска Работилница полека ги дава првите резултати. Ѕвездана направи римејк на познатата сказна „Црвенкапа“. Слободно давајте ги вашите коментари и оцени. Ева го облече црвениот капут и излезе низ вратата од станот. Додека се симнуваше по скалите, со едната рака си ја поднамести капата. Црвената плетена капа ѝ стана заштитен знак. Ја обожуваше бидејки пред неколку години ѝ ја сплете нејзината баба, но и затоа што ѝ прилегаше совршено на зелените очи и русата коса. Другарките, на шега ја викаа Црвенкапа, секогаш кога ја носеше.  Симнувајќи се по скалите, со ќесата во едната рака, Ева безуспешно се обидуваше да го стегне капутот, затоа што надвор времето беше студено. Сакаше што побрзо да го однесе гроздовиот сок на баби си. Ружа одново беше анемична, и беше убедена дека сокот ѝ помага. Кога излезе од зградата, Ева веднаш се покаја што се реши да оди пеш, наместо со автомобил. Ветрот беше ледено студен и продираше низ облеката. Го мразеше чувството кога ветро