Posts

Showing posts from November 5, 2023

„За тебе и Ева“, автор ЛУКА

Image
Една декемвриска ноќ, 1940 година      Сирената што татнеше низ улиците на Лондон ѝ ја заледи крвта. Цврсто стегајќи ја рачката од куферот и чантата што веќе ѝ направи вдлабнатина во рамото, Елена се упати кон влезот на Хотел Риц. Околу нејзе трчаа избезумени луѓе, брзаа да стасаат во своите домови пред полицискиот час. Беше свесна дека ова патување е опасно, се противеше на сите што ѝ велеа да не стапнува во временската топка и да го избрише минатото. Елена веруваше дека има начин да го врати Пол во својот живот, во својата иднина, во нивната заедничка иднина. Овој град ќе ѝ ја оживее љубовта за којашто вреди да се изгуби животот. Навидум смирена, но со растреперено срце и жештина што ја облеваше од глава до петици, застана пред пултот кајшто требаше да се пријави како гостинка. Облечена во темно зелен капут кој совршено ја потенцираше бојата на нејзините зелени очи, природно кадравата коса внимателно собрана под волнената шапка и кратките чизмички во кафена боја, Елена плен