„Мала драма во Вилестино“ –Ведрана Ж.

(Лара и нејзиниот маж се наоѓаат во дневната соба, во семејната викендичка во Вилестино. Мажот е свртен со грбот кон вратата, седнат е на трпезарискиот стол и решава судоку. Жената без најава го прободува во десната плешка. Мажот срипува, се свртува и го гледа изобличеното лице на својата жена, која се тресе и вреска.) ЛАРА: Ќе те убијам, копиле, ќе те убијам! МАЖОТ: Застани, те молам, застани... ЛАРА: Ме молиш? Моли ме! Моли ме за живот! МАЖОТ: Лара, што се случи?Спушти го ножот! Да разговараме! ЛАРА: Завршивме со разговори, молчи, копиле низаедно! Молчи! Ќе те убијам! МАЖОТ: Лара... Лара... Не си при себе... ЛАРА: Не сум при себе?! Не, бе злато при себе сум. Ќе те убијам, немаш каде да бегаш, сами сме, никој нема да те чуе. Ќе те бодам до смрт. И, кога ќе бидеш мртов, уште ќе те бодам, по еден убод за секој поглед. МАЖОТ: Каков поглед, Лара? Смири се, не си при себе... ЛАРА: Боли, а боли? Епа, боли и уште ќе те боли, како мене шт...