Posts

Showing posts from September 7, 2021

НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА НА ПИСАТЕЛИТЕ АМАТЕРИ

Image
              Најчестото пр ашање кое ги мачи писателите е како да ја подигнат својата читаност, односно како да привлечат поголем аудиториум . Ако сте писател кој сака да биде читан, прво запознајте го читателот. Читајте ја популарната современа литература, гледајте ги популарните серии и филмови, но присетете се и на старите добри сказни, библиски приказни и локални преданија.  Неговото височество читателот од 2021 е зафатен, уморен, нетрпелив, бомбардиран од информации и содржини и најчесто се „лепи“ на приказни кои му се познати и препознатливи. Модерниот читател нема време за предолги и патетични емотивни епизоди. Кај писателите почетници една од најголемите грешки е креацијата на премногу сензитивни ликови , идеализација на љубовта или предолгите описи на сетингот, или пак обременоста со симболика и филозофии, сфатливи само за авторот.  Верувајте, никој не сака да чита таква литература. Факт е дека во секој тип уметност, дел од личното може несвесно или свесно да се провле