Posts

Showing posts from February 8, 2024

Оли Коне -Убавицата и ѕверот

Image
                        Јануари, првиот месец, полека измина. Најздодевниот и најдолгиот месец, после сите слави и празници, конечно беше завршен. Килограм повеќе од сите прекрасни јадења беа сведоците врз нашите тела. Тивок убав амбиентален џез ми свири во собата додека мислам што да ви напишам, која ли приказна? Можеби ќе ви биде интересна онаа за Јана и Лазар. Јана, преубавата градска девојка. Немаше момче кое не ќе се загледаше во неа. Висока и стројна, таа им ги бодеше очите на мажите како со шило. Нејзината убава црна коса, како кинеска свила, го красеше белото лице накитено со гајтан веѓи под кои сјаеа дијамантските сини очи. Кога минуваше низ градските калдрми ќе затрубеше некој автомобил кој го управуваше хипнотизиран возач од нишањето на нејзините колкови. Јана живееше во стара трошна куќичка во центарот на градот заедно со нејзиниот хронично болен татко. Сепак нивниот дом беше исполнет со љубов. Соседите сите ги почитуваа и тие важеа за луѓе кои секогаш помагаа на тие