Posts

Showing posts from February 8, 2021

ПРАШАЊАТА КОИ ГИ ИМАТЕ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Image
     Овој викенд моето сандаче е преполно со Ваши пораки и тоа ме прави многу среќна!  Вчера го одржавме првиот час со две прекрасни „писателки во подем“. Се надевам ќе напишат самите дали им се допадна часот, дали нешто научија. Во пораките кои ги добив, со право ме прашувате што ќе се учи на работилницата, сакате да знаете дали ќе добиете доволно за сумата која ќе ја платите. Горан Стефановски, во својата „Мала книга на стапици“, потенцираше дека ако во математиката има таблица на множење, во хемијата има периодичен систем на елементи, и во книжевноста постојат елементи без кои не може да постои еден книжевен текст. На Работилницата јас ќе Ви ги откријам елементите кои ја подигаат читливоста на еден текст и го прават неодолив за читателската публика. Многумина од Вас ми пишаа дека имаат објавено книги, но штом ми се обраќаат знам дека нешто ги мачи. Ги мачи прашањето зошто не се читани, зошто никој од книжевната критика не ги препознал, не ги пофалил.  За некои од Вас, знам дека има