Posts

Showing posts from February 23, 2024

Да се биде писател-хоби или професија?

Image
Оние кои не следат, сведочат дека три години посветено им служиме на писателите во подем и дека нашата несебична и искрена посветеност кон сите наши студенти, им ја разбуди креативноста и дека со помош на нашите Работилници  се "родија" неколку романи, стихозбирки и раскази.  Сепак, (зборувајќи генерално) кај писателите во подем, независно од образованието и возраста, забележувам тренд на високо нeпознавање на Правописот на македонскиот литературен јазик, и тоа до некаде го разбирам. Но она што ме изненадува и ме шокира е непознавањето на Синтаксата на нашиот јазик, затоа што јазикот е жива материја и грешките во конструкцијата на речениците укажува на сериозно поткопани јазични и говорни вредности. Зошто е таква состојбата?  Верувам дека сите ниe сме бомбардирани од неписмениот говор на јавните личности и неписмено напишаните содржини во поголем број од медиумите, дека сме под силно влијание од различните содржини на англиски јазик или јазиците на соседните нации. Сепак, сек