Posts

Showing posts from October 27, 2024

„48 ЧАСА до НОВ ЖИВОТ“ СУЗАНА П.

Image
    „На здравје“, рече црнокосата убавица на искршен англиски јазик сместена на импровизираниот кревет до мене откако кивнав три пати рафално. Тоа беа првите зборови што ги слушнав од неа од моментот кога нѐ затворија во оваа мрачна мала просторија со студени и влажни ѕидови и мирис на мувла. Не дека проплакав за муабет со непознат, но сепак, таа беше единствената жива душа тука, која ме потсетуваше дека и јас сум уште жива. „Ти благодарам“, ѝ одговорив и продолжив во мислите да создавам отвор од малата дупка во ѕидот во која зеев, небаре хипнотизирана. Бев изморена од сѐ – од танцување во загушливите мрачни барови во кои се чувствуваше повеќе алкохол одошто кислород, од еврата кои ми ги туткаа во градникот и очекуваа да им седнам в скут, од валканите рачишта кои ме допираа секаде каде што ќе посакаа, од утрата за кои ми беа потребни барем две линии од оној фин бел прашок за да ги издржам без да бидам наполно свесна за она што се случува, од Митат кој собираше сѐ што ќе ...

„Памучни бонбони“ Ведрана Ж.

Image
Русокосата кивна. -На здравје, рече црнката. -Здравје да имаш... Ако ти треба. -возврати Русокосата и кивна уште еднаш. -Здравје секогаш треба... Иако, да ти кажам, може и треба да се провериш, преслаба си. -Така ми кажа и Марта, последен пат кога ја видов. -Што мислиш дека се случи со неа? Сигурно е во самица. -Во самица е сто посто. Месец дена не и гине сама со себе. Ужас. -И, јас бев во самица пред да ме стават со тебе во соба. -И, што зар имам, сите од кај мене во самица одат. Јас да не сум следна? -Прави како што ќе ти каже и нема да бидеш. -Како е таму? -Каде? Во самица? -Да... Како преживуваш? -Еј, мала, не е различно од тука. Само што има еден кревет и нема прозорец. И, само што ти се редат, еден по друг, како на свадба за сликање... -По колку души дневно? -Не знам зависи. Искрено, не повеќе од четворица... Не ме јавнале повеќе од четворица. Веројатно и имав среќа, брзо свршуваа, напалени војници... Знаеш како е со нив... -Само од војската доаѓ...