Posts

Showing posts from October 28, 2023

Level 5678-ИРИС

Image
 Денес е прекрасен ден, сите мои колешки писателки напишаа раскази кои, ако самите дозволат, ќе ги објавам во следните неколку денови. На мое големо изненадување расказ добив и од ИРИС, која не е наша учесничка, но толку е добар што немам срце да не го споделам со сите кои не следат. ИРИС „LEVEL 5678“ Се разбудив од сон, ненадејно и стресно, со некакви чудни звуци кои изминуваа во тишината. Како да беше кошмар, ама не беше. Беше тоа сон многу поразличен од сите претходни.  Го погледнувам отворениот лаптоп, екранот сеуште беше светол. Беше три часот по полноќ, веројатно не сум ни спиела долго.  Чувствувам ужасна жед и блага тахикардија, треперење, а сепак будењето ми доаѓа како некое олеснување. Додека се обидувам да се расонам и смирам, се навраќам на на деталите од сонот.  Овој сон беше обоен во црвено. Многу често сонувам во боја и точно знам дека сонот беше црвен. И навистина крвав. Се присетувам: јас во сонот бев облечена во тешка црвена тантела, со многу слоеви, со црвен фасцинато