Posts

Showing posts from November 7, 2023

ЅВЕЗДАНА „Трипати во ноќта“

Image
      Со густиот чад од цигарата, Елена си додаваше проѕирна завеса пред погледот, кој беше и онака полн од магично декорираниот ресторан на хотелот Александар Палас. Целиот хотел беше декориран со новогодишни елки, светкави подароци и стаклени снегулки кои висеа на големите прозорци. Уште неколку дена и ќе ја пречекаат 1962 година. Седеше удобно во новата голема фотелја на ново отворениот луксузен хотел. Со новите увозни потпетици и бундата од визон, дваесет и пет годишната девојка, имаше право да се чувствува како принцеза на мигот, иако разговорот со Димитар ѝ беше здодевен. Димитар беше успешен адвокат еден од многуте градски ергени за кои нејзините пријателите мислеа дека ќе биде добра прилика за неа, па сосем спонтано, а всушност целосно испланирано им договорија вечера. Иако за општеството беше сосем прифатливо девојка на нејзини години да „улови ” перспективно момче и да основа семејство, Елена имаше поинакви планови. Таа сакаше да биде независна. Мечтаеше да го пропату