Случка во дворецот (расказ) Елеонора Б.
Силна детонација ја преплаши и таа ги отвори очите. Се најде во темна просторија со сноп светлина , мувлосани ѕидови и рамномер ни зву ци на кап ење кои завршува а во вирче. Детонација - звук на громогласно кивање од кое се затресе целата просторија. Се допира себе си и не знае каде се наоѓа. Последно што го памети е модната писта по која што грациозно оди. Облечена во најновиот модел кој гордо го прикажува на пистата. Оди со мачкин од на високите потпетици. Одмавнува грациозно со главата, лелеавата руса коса свиленкасто ја гали по голите сатенски раменици. Рефлектори, ритмична музика. Оди зад сцената и наеднаш мрак. Нешто и се лепи на рацете. Не може да види, очите и се потечени. Крв? Пот? Се допира по телото . Одекнува нечие г ромогласно кивање . Н е е сама во собата. Два трошни кревети, на едниот речиси неподвижно лежи таа. Конечно го подотворa едното око и гледа силуета. Дебела топчеста силуета на креветот спроти неа. „ Која си ти ? З ошто си овде? Как...