Posts

Showing posts from March 1, 2021

ИМПРЕСИИ ОД ПРВИОТ ЧАС

Image
Еден по полноќ, а јас се уште со адреналин од првиот час на Работилницата. Ученичките ми се прекрасни, сите колешки со завршен филолошки, писателки. Уште првиот час сфатија се, напишаа совршено добри вежби. После часот ми изразија благодарност и ме пофалија. Има ли поголема радост? Вака се чувствував на промоциите на моите книги. Одвај чекам заедно да креираме следниот час, бидејќи нема ништо повозвишено од чинот на креација и споделување на знаењето. Понекогаш се сеќавам на извесни професори кои само ни диктираа, а можеа да не учат нешто вакво. Дали не е време да се отвори предмет Креативно пишување на сите групи на Филолошкиот факултет. Колку писатели ќе имавме во овие 70 години.. Во групата има и помлада писателка, чии дела ги очекувам со нетрпение. Беше скептична дали припаѓа кон групата. Секако, бидејќи најдобро се учи од искусни. Вежбата која ја зададов, беше да напишеме расказ, инспирирани од вест, преземена од црна хроника во весник.  Драги мои, инспирацијата е насекаде. Напише