Posts

Showing posts from November 26, 2024

ШТО ДА ЧИТАМЕ ЗА ДА ГО ЗБОГАТИМЕ ВОКАБУЛАРОТ?

Image
Низ социјалните мрежи циркулираат илјадници содржини, поткасти, видеа, книжарниците се преполни со шарени и светкави книги, а јас секој ден добивам тахикардии и шокови кога ќе ја видам негацијата споена со глаголот или степенот одвоен од придавката.  Во морето нови медиумски девојки и момчиња не се издвојува ниту еден кој го владее македонскиот литературен јазик со сите негови правописни правила. Како станавме толку неписмени? Или отсекогаш сме биле, само сега тоа е видливо и без срам се пласира како нормална медиумска содржина? Порано барем весниците и телевизиите ангажираа писмени новинари, сега на вести секој втор збор е изговорен или погрешно напишан. Зошто телевизиите и весниците немаат лектори?  Не знам како е во другите земји, но овде во оваа земја каде македонскиот јазик го зборуваат едвај два милиони луѓе, правописот и правоговорот на новите новинари, водители и инфлуенсери е на исклучително ниско ниво. Мешањето на вокабуларите на улицата и универзитетот,  неумес...