Posts

Showing posts from February 13, 2024
Image
Бидејќи февруари е месец за љубов, уживајте во овој љубовен расказ на нашата Лидија, кој не го лекторирав, ви го подарувам со сите „нерамнини“, оти овој расказ е нежен и лизгав како свилеста љубовна бајка НА КОЈА СТРАНА ОД СВЕТОТ Ја разбуди силен звук. Нерасонета и се’ уште не излезена од тежината на сонот кој ја измачуваше барем два пати во седмицата, таа исплашено скокна од постелата. Со олеснување помисли дека автобусот кој секоја ноќ ја киднапираше и ја возеше заробена не дозволувајќи и’ да се спаси, конечно застанал со силно шкрипење на кочниците. И требаа неколку мига да се потсобере и да сфати дека е безбедна и на сигурно во топлината на својот дом. Длабоко воздивна и при тоа почувствува блага вртоглавица. Со едната рака се пофати за главата, а со другата полека се придржа за креветот, па одвај успеа да седне. Повторно низ просторијата се разлеа звук. Сега веќе и беше јасно дека некој упорно и ѕвони. Ја сврте главата накај наткасната барајќ