Posts

Showing posts from February 17, 2025

СИНОПСИС

Image
  Дали знаете што е СИНОПСИС? •      Синопсис е краток приказ на Вашето пишување, особено кога станува збор за дело кое има голем број страници (роман, збирка раскази или збирка поезија, како и збирка есеи). Тој вообичаено се праќа со пропратно писмо до редакцијата која сакате да Ви го објави делото. Синопсисот и пропратното писмо можете да го пратите дури и ако не сте започнале да го пишувате делото. Ако од редакцијата Ви вратат дека се заинтересирани за објавување, тогаш започнете го активното пишување. •         Синопсисот е различен од сумираната содржина, која се става на крајот на делот o , најчесто на задната страница на корицата и која треба да ја напише Уредникот во издавачката куќа. •             Синопсисот треба да има една до две А4 страници. •           Синопсисот треба да се напише во arial/times new roman 12 pt . На почетокот задолжително напишете го Вашето име, презиме, контакт...