Posts

Showing posts from February 9, 2022

ДАЛИ И ЗОШТО ЧАСОВИ ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ?

Image
  Драги мои,  Деновиве мојот инбокс е преполн со прашања и тоа многу ме радува. За срамежливите и за оние на кои не успеав да им одговорам, тука ќе напишам објаснување на некои од дилемите кои ве мачат. Сите кои ми се обраќаат за соработка сакаат да дознаат дали ако ги посетат часовите по креативно пишување ќе научат да пишуваат.  Дали возраста е важна?  Дали е можно да се научи да се пишува како писател? Нели за тоа е потребен само талент?   За жал талентот е само дарба, која ако не е правилно менторирана, може да пропадне или да резултира со дела кои не се интересни за читателите.  Јас ќе ви направам паралела со спортот. Дали мислите дека Надал бил само талентиран за играње тенис и дека седејќи дома и гледајќи тенис станал еден од врвните тенисери или морал да тренира секој ден, да има тренер кој секојдневно го советува каде греши и кој му давал инструкции како да се надминува себеси и другите играчи? Исто е и со пишувањето.  Јас не можам да ви подарам талент, ама можам да ви го разв