Posts

Showing posts from February 6, 2022

ЉУБОВНА-ЈАСМИНА АТАНАСОВА

Image
  Драги мои Зимската Работилница за креативно пишување е на половина пат, а учесничките се повеќе од креативни. Јас после секој час им давам нов креативен предизвик на моите ученици. Минатиот час ги замолив да напишат расказ според еден новинарски текст, кој мене ми се виде интересен, помалку комичен, а по малку бизарен. Веста беше објавена на off.net, со итерпретации од редакцијата на овој весник: Лошо: жена повеќекратно го прободува својот сопруг со нож. Полошо: затоа што на мобилниот му открила слики со помлада и послаба жена. Врв на љубомора: сликите се од нејзе кога била помлада и послаба жена. Како што опишува полицијата, за време на нападот Леонора Н. е во „заслепувачки бес“ од фотографиите што ги фаќа кај сопругот на мобилен. Непомирливоста на Леонора ја опишува и полицискиот извештај според кој кога полицијата влегува во нејзиниот дом, сопругот Хуан Н. веќе има повеќе убоди од нож на рацете и нозете. Леонора не му дава шанса на Хуан ниту за една реплика одбрана, туку веднаш шт