Posts

Showing posts from February 13, 2022

Гнев-Л.Џ

Image
   Работилницата за креативно пишување продолжува. Нашата мила Л.Џ. напиша прекрасен расказ според новинарски текст.   Гнев-Л.Џ ,,Гневете се, но не грешете, сонцето да не зајде над гневот ваш“   Кога Леонора се разбуди Месечината ја беше преплавила нејзината ќелија. Не се сеќаваше кога заспа. Нејзината златна коса беше растурена на перницата како сноп од жолта слама, а очите длабоки и доволно црни за да се спојат со ноќта. Леонора се сврте полека кон Месечината како да бара последен светол зрак за себе. Последното нешто што го паметеше беше крв насекаде околу себе. Полека почна да се присетува и на другите работи. „Ох што сторив? Зарем можев навистина да го сторам тоа? Мојот мил Хуан, како е, дали е сѐ уште жив?“ Со тага почна да го замислува својот мил сопруг. Т олку малку знаеше за него кога прв пат ја поминаа ноќта заедно! Но, таа ноќ беше пресудна. Веднаш з наеше дека ја пронајде својата дестинација засекогаш. Тој не беше зборлив како и таа, но тие го пронајдоа патот до нив