ПРАШАЊАТА КОИ ГИ ИМАТЕ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

 



  Овој викенд моето сандаче е преполно со Ваши пораки и тоа ме прави многу среќна!
 Вчера го одржавме првиот час со две прекрасни „писателки во подем“. Се надевам ќе напишат самите дали им се допадна часот, дали нешто научија.
Во пораките кои ги добив, со право ме прашувате што ќе се учи на работилницата, сакате да знаете дали ќе добиете доволно за сумата која ќе ја платите.
Горан Стефановски, во својата „Мала книга на стапици“, потенцираше дека ако во математиката има таблица на множење, во хемијата има периодичен систем на елементи, и во книжевноста постојат елементи без кои не може да постои еден книжевен текст.
На Работилницата јас ќе Ви ги откријам елементите кои ја подигаат читливоста на еден текст и го прават неодолив за читателската публика.
Многумина од Вас ми пишаа дека имаат објавено книги, но штом ми се обраќаат знам дека нешто ги мачи. Ги мачи прашањето зошто не се читани, зошто никој од книжевната критика не ги препознал, не ги пофалил. 
За некои од Вас, знам дека имате подготвени ракописи и сакате да објавите, сакате да ја споделите Вашата приказна со светот. Но нешто Ве спречува да се осмелите, не сте сигурни дали сте доволно добри, не познавате никого во издавачкиот сектор, мислите дека Ви требаат конекции. Зошто не сте сигурни во себе? Што е она што интуитивно знаете дека му недостасува на Вашето пишување? Зошто македонските писатели не се книжевни ѕвезди во својата држава?  Зошто нема литературни агенти кои ќе „ловат“ таленти?
Местата брзо се пополнуваат, Работилницата ќе започне на 01.03.2021 во 19.30ч, online.
Предвидени се осум модули, еднаш неделно. 
Освен што ќе учиме и ќе одговориме на сите отворени прашања, ние сите заедно и ќе пишуваме и ќе го оценуваме напишаното, а најдоброто ќе биде објавено.
Сите заинтересирани можат да ме исконтактираат на:
mail: saskadimitrova@gmail.com или на 078 444 493 за повеќе информации.

    Ваша Sash

Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“