НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА НА ПИСАТЕЛИТЕ АМАТЕРИ

 

     


      Најчестото пр
ашање кое ги мачи писателите е како да ја подигнат својата читаност, односно како да привлечат поголем аудиториум.

Ако сте писател кој сака да биде читан, прво запознајте го читателот. Читајте ја популарната современа литература, гледајте ги популарните серии и филмови, но присетете се и на старите добри сказни, библиски приказни и локални преданија. Неговото височество читателот од 2021 е зафатен, уморен, нетрпелив, бомбардиран од информации и содржини и најчесто се „лепи“ на приказни кои му се познати и препознатливи.

Модерниот читател нема време за предолги и патетични емотивни епизоди. Кај писателите почетници една од најголемите грешки е креацијата на премногу сензитивни ликови, идеализација на љубовта или предолгите описи на сетингот, или пак обременоста со симболика и филозофии, сфатливи само за авторот. Верувајте, никој не сака да чита таква литература.

Факт е дека во секој тип уметност, дел од личното може несвесно или свесно да се провлече низ делата на авторот. Тоа е многу нормално. Сепак, за да успеете да комуницирате со поширок круг луѓе, морате да научите личното и интимното да го сведете на потебен минумум, кој ќе биде во функција на ликовите и приказната. Морате да научите да ги исечете непотребните делови од Вашиот текст. Уметноста мора да има универзална естетика.

На часовите за креативно пишување ќе научиме како да го исполираме книжевниот текст за да биде привлечен за пошироката публика и да добие универзална и безвременска вредност.

 

  Првиот есенски час е закажан за 26.09.2021 во 19.30ч, online. 

  Останаа уште само четири слободни места. 

 

   Повеќе информации на saskadimitrova@gmail.com

 

   Ваша Sash

 

Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“