ДАЛИ И ЗОШТО ЧАСОВИ ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ?

 



Драги мои, 

Деновиве мојот инбокс е преполн со прашања и тоа многу ме радува. За срамежливите и за оние на кои не успеав да им одговорам, тука ќе напишам објаснување на некои од дилемите кои ве мачат.

Сите кои ми се обраќаат за соработка сакаат да дознаат дали ако ги посетат часовите по креативно пишување ќе научат да пишуваат. Дали возраста е важна? Дали е можно да се научи да се пишува како писател? Нели за тоа е потребен само талент?  

За жал талентот е само дарба, која ако не е правилно менторирана, може да пропадне или да резултира со дела кои не се интересни за читателите. 

Јас ќе ви направам паралела со спортот. Дали мислите дека Надал бил само талентиран за играње тенис и дека седејќи дома и гледајќи тенис станал еден од врвните тенисери или морал да тренира секој ден, да има тренер кој секојдневно го советува каде греши и кој му давал инструкции како да се надминува себеси и другите играчи?

Исто е и со пишувањето. Јас не можам да ви подарам талент, ама можам да ви го развијам постоечкиот, можам да ви укажам на грешките кои ги правите и да ви помогнам вашите дела да ги направите интересни за поширок читателски круг. За разлика од тенисот, за пишување нема горна граница кога можете да земете часови. 

Ако не сте сигурни дали ви се потребни часови по креативно пишување, односно се двоумите, треба себеси да си поставите пет прашања:

1.        Дали секое утро кога ќе се разбудите сакате да седнете на вашиот компјутер и да го запишете она што ви се јавува како приказна на менталниот екран?

2.        Дали отсекогаш водите дневник, во кој ги запишувате своите мисли, и секогаш кога ќе им се навратите сфаќате дека во нив лежи нешто прекрасно, кое ако би умееле би можеле да го споделите со некои потенцијални читатели, би можело да прерасне и во ремек дело?
3.        Дали додека седите на плажа или додека се возите во авион, останатите туристи ги замислувате како ликови од вашиот иден роман?
4.        Дали во теферите од работа запишувате идеи за вашите идни раскази?
5.        Дали ги купувате сите нови изданија од вашите омилени автори, и додека ги читате посакувате да напишете некое слично големо дело?


За да започнете со часови по креативно пишување не ви се потребни некои посебни предзнаења од теоријата на литературата. Потребно е само да сте си ги одговориле погоре поставените прашања со ДА.

Сите заинтересирани можат да ме исконтактираат во директна порака на FB/ Instagram.


Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“