ЅВЕЗДАНА „Трипати во ноќта“

  





 

Со густиот чад од цигарата, Елена си додаваше проѕирна завеса пред погледот, кој беше и онака полн од магично декорираниот ресторан на хотелот Александар Палас. Целиот хотел беше декориран со новогодишни елки, светкави подароци и стаклени снегулки кои висеа на големите прозорци. Уште неколку дена и ќе ја пречекаат 1962 година. Седеше удобно во новата голема фотелја на ново отворениот луксузен хотел. Со новите увозни потпетици и бундата од визон, дваесет и пет годишната девојка, имаше право да се чувствува како принцеза на мигот, иако разговорот со Димитар ѝ беше здодевен. Димитар беше успешен адвокат еден од многуте градски ергени за кои нејзините пријателите мислеа дека ќе биде добра прилика за неа, па сосем спонтано, а всушност целосно испланирано им договорија вечера.

Иако за општеството беше сосем прифатливо девојка на нејзини години да „уловиперспективно момче и да основа семејство, Елена имаше поинакви планови. Таа сакаше да биде независна. Мечтаеше да го пропатува светот. Фотографиите на насмеани и исполнети домаќинки што ги полнеа списанијата за неа воопшто не беа интересни. Таа учеше јазици сонувајќи дека еден ден ќе патува низ светот и дека ќе ги посети сите места за кои читаше во книгите за изучување на англискиот, италијанскиот и полскиот јазик.

Додека Димитар зборуваше за своите успеси како да беше на разговор за вработување и самоуверено гестикулираше со рацете, сакајќи да го сврти вниманието на скапиот часовник на раката, Елена си помисли: „Колку одбивна личност.“ Зошто нејзините пријатели Огнен и Марта мислеле дека тие имаат нешто заедничко, освен амбициозноста, тој беше сѐ што таа не сакаше, арогантен, самобендисан паун, кој користејќи го семејното име и позиција сакаше да се претстави како успешен адвокат, заборавајќи да спомене дека работи кај својот чичко. Згора на сето тоа, тој се однесуваше кон келнерите како да се негова лична послуга и им се обраќаше како да се граѓани од втор ред.

Уште половина час ќе се преправа дека го слуша од љубезност кон своите драги пријатели,  па ќе се извини со изговорот дека ја боли глава и ќе си замине.

Погледот ѝ застана на впечатливиот гостин кој влезе во ресторанот. Тоа беше висок господин, имаше малку побелена коса потстрижана по најнова мода. Неговиот троделен костум во темно сина боја му прилегаше одлично. Веднаш штом везе, тој поздастана и со поглед започна да го скенира ресторанот, очигледно барајќи ги своите пријатели. Откако кусо проговори нешто со кенерот, седна на шанкот, правејќи изрази на лицето од кои можеше да се прочита дека е разочаран. „Сигурно не е од тука“, си помисли Елена, ќе го имав забележано претходно доколку излегувал во овој дел од градот.

Скопје немаше многу места за забава, па Елена скоро и да ги познаваше повеќемината кои постојано вечераа во овој дел од градот. Тука беше и отворен клубот во кој доаѓаше прогресивната младина, за чиј припадник се сметаше и Елена. Сите тие сакаа да се забавуваат, да пијат увозен алхохол, да пушат цигари со розев филтер и да играат на Pop, Funk & Soul музика.  

„Извини, морам до тоалет и стана. Елена го запресосем ненадејно Димитар во неговото фалење како бил на одмор во Грција и тргна кон тоалетот кој беше во близина на влезот. Додека се движеше покрај шанкот, го виде господинот како потпрен на шанкот се обидуваше да разговара со шанкерот. Редицата за тоалет беше долга, затоа што дамите обично по неколку пати во ноќта одеа до тоалетот поправајќи го црвениот кармин кој беше апсолутен тренд во Скопје. Скоро сите дами носеа некоја нијанса која мораше да се обновува за да изгледа како на посерите од излозите на „Рубин Кармин“.

Тој изгледаше очајно кога се сврте кон неа, но кога нивните погледи се сретнаа, тој со насмевка и благ поклон и рече: Excuse me, I didn’t meant to step you. Извинете, извинете.“ Тој го повтори извинувањето неколку пати, па Елена благо се насмеа и му одговори: “Not a problem, it’s quite busy tonight”. Од една страна и импонираше неговата заводничка насмевка, а од друга беше  среќна што имаше прилика да говори на англиски, а не само да преведува деловна коресподенција во компанијата во која работеше.

Тој се насмеа од уво до уво со олеснување и плесна со дланките, нешто кое можеше да се протолкува како -конечно некој кој говори англиски,

 “I was surprised how in most popular restaurant waiters are not speaking English, можете ли да ми помогнете, не можам да разберам кој е типичен аперитив за Македонија. Моето име е Пол, но очигледно македонскиот јазик го говорам слабо.

Тој решително и цврсто ја пружи својат рака кон Елена.

„Елена. Најпознат аперитив на целиот Балкан е ракијата, но не ви ја препорачувам, премногу е јака. Подобро побарајте македонско вино, навистина позитивно ќе се изненадите , рече Елена.

„Очигледно сум извисен, требаше да се сретнам со пријател тука, за него допатував во Македонија, но изгледа за жал не можел да стигне. Сепак ќе нарачам ракија и се надевам навистина ќе е јака.“

 На Елена ѝ беше жал што Пол беше сам во туѓ град, каде што дошол за да се сретне со својот пријател кој заради непозната причина не стигнал на средбата. Проба да ја ублажи ситуацијата и да влее малку надеж. Му рече:

„Можеби не сте се разбрале добро, отспротива има ноќен клуб, можеби ве чека таму. Клубот навистина е многу популарен. Вреди да проверите.  

„Ќе бидете ли вие таму?“

Тој направи пауза и со заводливиот поглед и насмевката на лицето продолжи

„Или можеби вечерата со Вашиот партнер ќе ја продолжите на некое друго место?”  

Елена тогаш се сети дека предолго се задржа. Димитар ја чекаше на масата. Беше навредливо и некултурно да ја види како таа разговара со друг маж, па побрза назад. “Maybe I will come, anyhow my date is boring”. Таа му дофрли на Пол на англиски јазик, со големата заводлива црвена насмевка и прекрасните бели заби, со цел другите да не ја разберат.

Враќајќи се на масата се извини и рече дека редицата била предолга па се откажала.

Елена имаше договор со Марта. Доколку на Елена ѝ се допадне Димитар да му предложи да одат до клубот каде ќе бидат Марта и Огнен, па во понеформална  атмосфера работите ќе се убрзаат. Марта сакаше по секоја цена Елена да ја дочека новата 62-ра со партнер.

„Би сакала да свратиме до клубот, Огнен и Марта планираа да одат, па ќе биде прилика да ги видиме“, рече Елена.

„Тоа е одлична идеја. И онака овде услугата е тапа“

Димитар мафтајќи на келнерот за сметка, потврди дека се согласува со нејзината идеја. Додека Елена стануваше од масата, со поглед го бараше Пол, но тој не беше повеќе на шанкот. И беше жал што не го виде кога си заминал. Елена немаше никаква намера да ги „подобрува односите со Димитар, но клубот ѝ се виде како добра идеја, за да го најде Пол и да помине време во разговор со него. Доколку не можеше да патува, барем да можеше да се дружи со луѓе кои  патуваат.

Марта беше пресреќна кога ги виде, тие веќе седеа на едно од сепареата во клубот. „Не е тоа што мислиш, Димитар е право промашување – ќе помислам ме мразиш“ Но не можев да пропуштам прилика да ве видам, а и да видам што се случува вечерва тука.“

Димитар продолжи да се расфрла со парите на своето семејство, па нарача шише шампањ, сакајќи да ги импресионира. Елена за цело време со погледот го бараше Пол. Што ли се случи со мистериозниот странец? Дали може би се најде со пријателот или пријателката, заради измешаниот говор на македонски и англиски, Елена не разбра дали требаше да се види со маж или жена.

Сега навистина ѝ се одеше во тоалет, па се извини и стана. Марта сакаше да дојде со неа, но Елене рече дека ќе оди сама.

Го виде Пол како разговара со една девојка на крајот од шанкот, но сепак помина во негова близина без да му се јави. Кога после неколку чекори, Пол ја зграби за рака “Save me, this girl its very boring” и намигна. „Преправај се дека се познаваме ѝ рече со молба во очите. Таа тргна со него на шанкот и се поздрави со девојката, истатa разбра дека Пол је чекал Елена, па по некоја минута се сврте и си замина.

„Како беше ракијата?“

„Помалку силна од разочарувањето да бидете извисени во непознат град,“

„Навистина ми е жал.“

„Што предлагаш да се напиеме? Ние двајцата имавме лош почеток на вечерта. Ти со погрешен партнер, а јас без партнер...“

 

И се допаѓаше смислата за хумор на Пол.

„Мислам дека заслужуваме виски:“

„Да во право си, може да наздравиме со виски“

Со елеганција на џенлмен, Пол  му дофрли на шанкерот:

„Две виски, ќе ве молам!

Елена и Пол разговараа на англиски на задоволство на Елена, Таа му раскажуваше за тоа како ја вработиле во компанијата за тутун само затоа што говори повеќе јазици. Kако сака да заработи доволно за да може да патува и да ги посети градовите како Рим, Барселона и Краков што беа највисоко на нејзината листа за посета. Низ втората тура виски, Пол раскажуваше каков е животот во Лондон, ги споредуваа модата и вечерниот живот во двата града. И раскажа што работи и како почнал да учи македонски токму за оваа посета.

“And in the end I’m still speaking on my mother language here”, рече тој.

Во тој момент Марта се појави со загрижен поглед.

„Што се случи? Те нема подолго време па тргнав да те барам. Сите се загриживме.“

„Извини, изгубив чувство за времето “, рече Елена.

„Ова е Пол. Тој е дојден од Лондон, но по некоја случајност е сам оваа вечер.“

Марта је подигна веѓата, а Елена ја подбутна за ногата да не прави сцена.

„Само разговараме, Пол е интересна личност“, ѝ шепна Елена.

„Да, сигурно некој ќе разговара толку долго со девојка без да има намера да и се додворува.“ Марта ја повлече Елена кон себе. „Дојди сега, треба да се вратиме на нашето сепаре, не очекуваат. Драго ми беше Полрече и ја грабна Елена под рака тргнувајќи на другата страна од клубот.

Остатокот од вечерта помина вообичаено, Елена беше замислена и се потсетуваше на разговорот со Пол. Поради мешањето на виски и шампањ Елена посака топла симит -погача, па на излегување од клубот се поздрави со останатите и рече дека ќе оди да си купи симитка пред да се врати дома.

Го замота шалот околу себе и тргна кон „Жито Лукс“. Самата помисла на храна ја правеше уште погладна. Топлите пецива беа единствената храна во два часот по полноќ, па пред популарната пекара, имаше многу купувачи. Додека чекаше во ред, на вратата се појави Пол.

„Пол!“Елена му мавна да дојде кај неа во редот.

„Трета среќа“, рече Пол кога се приблжи. „Ми рекоа дека морам да пробам некаква симит-погача што ја има само тука. Кога веќе ми пропадна состанокот, барем да вкусам и видам што друго нуди Скопје.“

„Драго ми е што гледаш на позитивната страна. Се надевам ќе најдеш причина да дојдеш повторно. Јас частам, фати ја масата покрај прозорецот. Доаѓам со сета храна што мора да ја пробаш“,му рече Елена.

Разговара долго додека се насладуваа од топлите пецива.

„Треба да одам, веќе е многу доцна, ќе бидам во проблем доколку моите приметат дека уште не сум вратена“,рече Елена.

„Во ред. Ќе те отпратам со такси и потоа ќе одам во мојот хотел“,одговори Пол.

„Нема потреба, живеам на другата страна од градот. Ќе си одам сама.“

„Знам дека нема потреба, но ќе ми биде задоволство. Сепак поради тебе вечерва си поминав прекрасно“,одговори Пол.

Двајцата се возеа на задното седиште од таксито. За прв пат Елена се праша дали Пол воопшто ѝ се додворуваше оваа вечер, дали очекуваше таа да го бакне за поздрав. Таа беше навикната мажите да ѝ се додворуваат во скоро секоја прилика. Елена беше убава девојка со природно црвена коса и бело лице, нејзината убавина беше невообичаена, како што ѝ велеа сите, па очекуваше и се надеваше и Пол да биде воодушевен. Дали поради разговорот таа не ги виде сигналите или Пол сеуште беше заљубен во девојката која не дојде оваа вечер?

За да биде сигурна рече:

„Ти благодарам на убавата вечер, интересниот разговор, како и тоа дека не ми се наметнуваше со излитени фрази за додворување.“

Пол се насмевна и и шепна:

“I’m gay dear. With your beauty and brains, I would have to be crazy not to try and get you”.Ја бакна во образ. “Have a great live and go see the world.  Maybe we will meet again somewhere.

„Три средби во една вечер не може да се случајност. Како што рекол Ајштајн: Господ не фрла зарови“,рече Елена излегувајќи од таксито.   

Нејзините гласни потпетици врз калдрмата, ја распаруваа тишината на една студена скопска зора, додека единственото такси во маалото ги будеше уличните пси.

    

 

 

   

 

 

 

Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“