Почеток на тенката линија

 По вториот час од нашата Работилница, која ја започнавме на крајот на јануари, го имаме првото дело кое сакаме да го споделиме со вас, драги наши читатели.

Нашата Тања напиша вовед во нешто што ќе прерасне во подолг прозен текст.

 







Taња Јовевска


ПОЧЕТОК НА ТЕНКАТА ЛИНИЈА


 Стоеше потпрена на еден од болничките ѕидови, за неа добро познати. Беше облечена во едни стари тренерки дадени за спомен. Нејзината коса беше неуредна, што беше одраз и остаток што го влечеше како опашка од нејзиното претходно петгодишно секојдневие. Планираше да се ослободи од таа опашка  во наредните денови. .

 Беше први јануари.2018, денот кога Ања рече: ,,Доста е! Нема ништо од себе да сменам, напротив ќе дојдам до себе, ќе бидам јас”. Нејзинатацел беше поставена и таа ќе ги земеше препреките, секој нов ден ќе ги земеше под пазувите за да го осетат нејзиниот мирис на решителност, посматрајќи како нем сведок како препраките безоглаво ја напуштаат , а таа со смиреност ги отпоздравуваше. Насмевката ѝ отсуствуваше бидејќи иако горда на себе, таа не знаеше што е тоа среќа.

Ања не можеше да го насети искушението што требаше да го помине за да дојде до себе, за она да биде ОНА. Ја занемаруваше својата интуиција. Сега, кога потрпена на ѕидот со поглед надолу фикусиран во една од плочките на којашто стоеше и воопшто не се обидуваше да погледне во болничкото светло, таазнаеше дека сѐ ќе ѝ се разбистри. Во тој момент сакаше само да се потпре на разумот, а душата да ѝ остане во хелиумскиот балон. 

Не смееше да дозволи балонот да одлета, старите и изнемоштени родители беа со неа. Таа ни во тој миг не дозволуваше да мисли на себе, беше во лелек како сите нејзини сакани ќе се справат доколку претпоставките се потврдат. 

Сепак Ања  веќе знаеше, но тоане допирашедо неа. Таа можеби се надеваше на чудо, кој ли ќе го знае тоа. Дури и ден-денес таа не знае дали во тој момент се надеваше на чудо или умот ѝ работеше триста на час. Таа тогаш мислеше како побрзо да се соочи со фактите. Затоа предвреме се спремаше за сите можни сценарија и за неполни три минути во главата ѝ беше изготвен планот  на кои порти да тропне. 

Да, брза беше во планот затоа што пред седум години беше спора, кога замрзната од шокот не знаеше како, каде, не знаеше што, не знаеше ништо, но  затоа, сега знаеше дека времето не може да се врати.

 Турканицата од народот, која ја носеше како олуја во неочекуван период од годината, ја помести Ања од нејзината безбедна и цврста зона. Турканицата не ѝ пречеше. Напротив, таа турканица ја познаваше и ја нарекуваше Страв и Исчекување, многупати се дружеше со неа ѝ кога ја прекинаа дружбата, Ања беше сигурна дека сѐ дала и дека немало можност за повторна обнова. Баремне на таков начин! 

Неминовно беше да го подигне погледот и да дозволи болничките зраци од загушените халогенки да навлезат во нејзините стеснати зеници и петгодишната лента спакувана како атом, кој себично го чуваше и го штитеше со работата и предвреме осудените на пропаст емотивни врски, одеднаш пукна и се слеа низ нејзиното силно тело. 

Ања дозволи спомените да ѝ минат како низ забрзана филмска трака. Го почувствува многу реално секој детал на мирис, боја, вкус. Секое чувство имаше свежина како тоа во моментот да се случува. 

Ања успеа да заплаче како дете кога родителите го напуштаат.

Сфати дека таа за првпат заплака за Минка, сестра ѝ, која отпатува со канцерот пред пет години, на едвај четириесет и пет преживеани лета.

... продолжува

Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“