СИНОПСИС

 





Дали знаете што е СИНОПСИС?


•      Синопсис е краток приказ на Вашето пишување, особено кога станува збор за дело кое има голем број страници (роман, збирка раскази или збирка поезија, како и збирка есеи). Тој вообичаено се праќа со пропратно писмо до редакцијата која сакате да Ви го објави делото. Синопсисот и пропратното писмо можете да го пратите дури и ако не сте започнале да го пишувате делото. Ако од редакцијата Ви вратат дека се заинтересирани за објавување, тогаш започнете го активното пишување.

       Синопсисот е различен од сумираната содржина, која се става на крајот на делотo, најчесто на задната страница на корицата и која треба да ја напише Уредникот во издавачката куќа.

            Синопсисот треба да има една до две А4 страници.

          Синопсисот треба да се напише во arial/times new roman 12pt. На почетокот задолжително напишете го Вашето име, презиме, контакт, но и насловот на делото.

        На старт, дефинирајте го Вашето дело, жанровски и структурно (пр.роман за љубов во 3 глави). Дефинирајте го историското, местото, имињата на ликовите, имињата на градовите и државите. Дефинирајте го кодот ако тој не е реалистичен.

        Ако пишувате научна фантастика или во фантастичен код, дајте детали за фиктивните места/време/ликови.

        Дајте приказ на дејството, на интригата, на кулминацијата, на расплетот, на крајот. Дефинирајте ги носечките ликови, нивниот конфликт, нивната поврзаност. Не давајте премногу детали за „карактерот“ на ликовите. Епизодните ликови не ги споменувајте. Изоставете ги епизодните интриги.

        Резимето пишувајте го во сегашно време (Сандра е лик кој своите амбиции ги остварува со упорна работа... Таа се сели од Македонија и оди во Германија, каде го запознава Ханс, нејзиниот иден сопруг со кого лудо се вљубуваат уште на првата „слепа“ средба...)

        Дајте разигран, енергичен и весел осврт на Вашето дело, дури и да станува збор за трагедија. Дефинирајте jа публиката на која се обраќате. (пр. ако е роман за деца дека се однесува на млада читателска публика).


Доколку имате подготвен Синопсис за Вашето идно дело споделете го со мене на маил saskadimitrova@gmail.com, a јас ќе Ви изработам акциски план за пишувањето на Вашето дело, со цел негово издавање во форма на книга.

 


Comments

Popular posts from this blog

Случка во дворецот (расказ) Елеонора Б.

„Приказната за Мо-Ре и Мо-Ав“ - Весна Котевска

„Памучни бонбони“ Ведрана Ж.