„Памучни бонбони“ Ведрана Ж.
Русокосата
кивна.
-На
здравје, рече црнката.
-Здравје
да имаш... Ако ти треба. -возврати Русокосата и кивна уште еднаш.
-Здравје
секогаш треба... Иако, да ти кажам, може и треба да се провериш, преслаба си.
-Така
ми кажа и Марта, последен пат кога ја видов.
-Што
мислиш дека се случи со неа? Сигурно е во самица.
-Во
самица е сто посто. Месец дена не и гине сама со себе. Ужас.
-И,
јас бев во самица пред да ме стават со тебе во соба.
-И,
што зар имам, сите од кај мене во самица одат. Јас да не сум следна?
-Прави
како што ќе ти каже и нема да бидеш.
-Како
е таму?
-Каде?
Во самица?
-Да...
Како преживуваш?
-Еј,
мала, не е различно од тука. Само што има еден кревет и нема прозорец. И, само
што ти се редат, еден по друг, како на свадба за сликање...
-По
колку души дневно?
-Не
знам зависи. Искрено, не повеќе од четворица... Не ме јавнале повеќе од
четворица. Веројатно и имав среќа, брзо свршуваа, напалени војници... Знаеш
како е со нив...
-Само
од војската доаѓаат? Нема цивили?
-Не.
Само војници. Ова им е како следовање. Ама, мислам дека има забрана за
малтретирање... Барем така сакам да мислам...
-Зошто
заврши во самица? Што направи?
-Не
сакав да му пушам на скапаниот Црн Јастреб. Реков: не сакам да му го пушам
курот на оној кој ми го запали селото.
-Како
знаеш дека Црн Јастреб го запали твоето село?
-Кога
почна масакарот влегов во буре со вино. Ѕиркав. Не знам како никому не му текна
да го отвори бурето. Беа зафатени со колење и палење. Видов се. Го видов и него
како го фрла упаљачот. А, камо да не видов... Не знам зошто не се удавив во
виното. Ќе беше вистинска животна приказна, живееше еднаш, црнка и дебелка жена
по име Делисија. Живееше и умре.
Овие
зборови Далисија ги изговори како за себе, како некоја мантра која се
повторува. Слушајќи ја Амбра се запраша колку ли пати ги повторила овие
зборови, женава од соседниот кревет. И се слушнаа некако изветвени, како
преречени и застарени. Делисија ги изговори како да кажува дека два плус два се
четири, повеќе ги соопшти, наместо што ги изговори. Но, кога нештото толку пати
ќе се повтори, зарем не станува навика? Навиките се команди за автоматизација
на човечкото однесување, а ние тука сме автомати за преживување. Амбра се
замисли и се занесе во своите размислувања. Усните и заиграа. Во насмевка, не
во плач. Ја пресретна нова мисла:
„Еднаш
филозоф, секогаш филозоф!“- Амбра, професорката по етика во државното училиште
„Дон Комески“ се насмевна (сама за себе).
Оддеднаш
и зафалија децата. Не, не нејзините. Такво нешто не смееше да си дозволи.
Знаеше дека доколку го почувствува макар еднаш недостигот на Јан и Драга, ќе се
лизне во тунелот на недостигањето во кој болката никогаш не завршува. Затоа
одбира да не мисли на Јан и Драга. За да преживе, мора да се однесува како да
не постојат. Барем не сега, за да може да се сретнат пак. За средбата со нив,
таа мора да преживее. Но, децата од трета два, сега во овој момент и зафалија.
Убавата Џанина и шармантниот Лук кој рече дека луѓето не би требало да бидат
одговорни за работи под влијание на среќата и дека нашите етички проценки треба
повеќе да се фокусираат на намерите отколку на исходите. Морална среќа. Се сети
на темата на часот, како вчера да стоеше пред класот и како вчера да зборуваа
за овој поим. Ситуации каде фактори надвор од контролата на поединецот
значително влијаат врз моралните проценки за нив.
-Вака,
останав да преживувам. Не живеам... Живи ли сме, впрочем?
Гласот
на Делисија ја тргна Амбра од размислувањата.
-Преживуваме...
Се сетив на децата на кои им предавав...
-Ти
си професорка?
-Да.
(пауза) Бев.Професорка. По етика. Филозофирав. Ти?
-Шивачка.
Шиев по нарачка. И, за себе. Самата ја сошив својата венчаница. Го сошив и
својот погребален фустан. Не сакав да ме погребаат во некои накинџурени
костуми, како за на погреб. А, сега пак ми е сеедно. Кога бев во самицата
помислив дека ако умрам од многу ебење, ќе умрам гола. И, толку се смеев, што
се затнав од смеење. Ќе се угушев. Ми дојде смешно, како сум можела да
размислувам за фустан и погреб? Ееееј, будала жена, сошив фустан небаре јас ќе
одредам кога и како ќе умрам... Смешно е со какви работи се занимаваме кога
мислиме дека сме далеку од смртта.
-И,
тажно е... Мене не ми е смешно. Тажно ми е. – се надоврза Амбра.
-И,
мене ми е. После тоа плачев. Пак се засркнав, ќе умрев од загушување. Плачев и
плачев. Кога влезе еден војник, се уште плачев... Имав среќа... Седна до мене и
само ме замоли да го допирам. Го допирав и плачев. На крај му реков благодарам,
замисли. Благодарам.
-Човекот
имал морална среќа...
-Што
имал?
-Не
е важно... Зборувам глупости.
-Чувствувам
дека за кратко ќе не повикаат.
-Да.
Ќе биде ова уште една вечер на шипка, на шанк, во скут, на маса и на крај во
лабаво.
-Таму
повраќаш?
-Да,
во лабаво. Шољата е прљава. Ми прави да повраќам уште повеќе. Барем можам да
бирам каде ќе повратам.
Се
слушна клуч во бравата. Се спушти рачката и вратата се отвори. Црниот Јастреб
влезе во собата. Двете жени останаа да лежат. Не се поместија. Тој застана пред нив и им рече:
-Војната
заврши. Можам да бирам што ќе правам со вас. Оваа вечер може ќе биде вашата
последна и затоа драги мои мора да биде најдобра. За вас, оваа вечер спремив
посебен подарок. Памучни бонбони. Ајде лејдис, забавата мора да почне!
Comments
Post a Comment