ШТО МОЖЕТЕ ДА НАУЧИТЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ?

 


Во претходниот пост Ви предочив на кои три прашања треба да си одговорите позитивно за да знаете дали поседувате писателски талент и дали сте потенцијално соодветен кандидат за да ја посетувате Работилницата за креативно пишување.

Работилницата за креативно пишување е наменета за „писатели во подем“, за талентирани ентузијасти кои имаат илјадници приказни во својата глава, а кои не успеваат да почнат или немаат време да развијат вистинска приказна.

Работилницата ќе Ве научи како да најдете време за пишување, кои методи да ги примените за поефективно пишување, како економично да ги исконструирате важните елементи за постоењето на една приказна, како да ја избегнете патетиката и непотребните детаљи и како да ѝ се допаднете на читателската публика. Ќе сфатите како да го исполирате својот текст и да го направите доволно добар за објавување.

Убава вест е што денес ми се јави една прекрасна дама, која ми вети дека најдобрите текстови кои ќе се „родат“ на Работилницата ќе бидат објавени во нивното е-списание: elemental.mk.

Местат брзо се пополнуваат, работилницата ќе започне на 01.03.2021 во 19.30ч, online.

Сите заинтересирани можат да ме исконтактираат на saskadimitrova@gmail.com или на 078 444 493 за подетални информации.

Ваша Sash

 

 

Comments

Popular posts from this blog

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“