Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита




Eден од модулите на мојот курс за Креативно пишување само ја допира интертекстуалноста, која е посебен дел од теоријата на литературата.  

Дијалогот со великите писатели е неизбежен и ако сакате да бидете успешен писател не смеете да си дозволите да читате сомнителна литература од автори без репутација. 

Ако не знаете што да одберете кога купувате, само прашајте дали авторот има добиено светски позната награда

Јас денес ќе ви предложам 25 книги кои мене ми направиле умствена еурека. Има уште 2000 кои можам да ги набројам, но авторите на книгите кои ќе ги набројам се, секој сам за себе, неисцрпно море во кое можете да пливате цел живот:


1.Мајсторот и Маргарита
2.Евангелието според Исус Христос
3.Неподнислива леснотија на постоењето
4.Воскресение
5. Сто години самотија
6. 1984
7. Браќа Карамазови
8. Клетници
9. 1q84
10. Добра земја
11. Се викам црвена
12. 40 правила на љубовта
13. 5 агли
14. Ана
15. Вештица
16. Миракули на грозомората
17. Столот на Елијах
18. Куќа на џамијата
19. Серотонин
20. Беснило
21. За кого бијат камбаните
22. Лолита
23. Господарот на мувите
24. Долг пат до дното
25. Френи и Зои

Авторите не ги напишав, сакам да ги побарате самите, да ја прочитате нивната биографија, да дознаете кои други дела ги создале, да најдете време да прочитате се од нив. Да станете дел од океанот.

Comments

Popular posts from this blog

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“