Posts

НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА НА ПИСАТЕЛИТЕ АМАТЕРИ

Image
              Најчестото пр ашање кое ги мачи писателите е како да ја подигнат својата читаност, односно како да привлечат поголем аудиториум . Ако сте писател кој сака да биде читан, прво запознајте го читателот. Читајте ја популарната современа литература, гледајте ги популарните серии и филмови, но присетете се и на старите добри сказни, библиски приказни и локални преданија.  Неговото височество читателот од 2021 е зафатен, уморен, нетрпелив, бомбардиран од информации и содржини и најчесто се „лепи“ на приказни кои му се познати и препознатливи. Модерниот читател нема време за предолги и патетични емотивни епизоди. Кај писателите почетници една од најголемите грешки е креацијата на премногу сензитивни ликови , идеализација на љубовта или предолгите описи на сетингот, или пак обременоста со симболика и филозофии, сфатливи само за авторот.  Верувајте, никој не сака да чита таква литература. Факт е дека во секој тип уметност...

ПРЕКРАСЕН КРАЈ

Image
  Група та на Работилницата за креативно пишување, која започна на 28 февруари 2021 заврши вчера . Моите драги ученички-писателки и кога започнавме беа одлични, но после првите три сесии, тие значително ги подобрија своите приказни. Пишувањето проза е креација на приказна . На часовите освен што учевме и креиравме, ние се смеевме и споделувавме искуства, размислувања и идеи. Заеднички откопавме ментални слоеви кои не ни беа познати и започнавме инспиративно пријателство.   Јас знам дека сите пет ќе бидат мои пријателки до крајот на животот и дека ќе се радувам на секој нивен книжевен успех, како на свој. Им посакувам да ги достигнат ѕвездите ! Ги охрабрувам сите кои имаат талент, но се „закочени“ во креативниот процес да не се двоумат, да не одложуваат, да не се мачат себеси. Работата во група е исклучително инспиративна! Ги очекувам Вашите пријави на saskadimitrova@gmail.com.   Ваша Sash

ИМПРЕСИИ ОД ПРВИОТ ЧАС

Image
Еден по полноќ, а јас се уште со адреналин од првиот час на Работилницата. Ученичките ми се прекрасни, сите колешки со завршен филолошки, писателки. Уште првиот час сфатија се, напишаа совршено добри вежби. После часот ми изразија благодарност и ме пофалија. Има ли поголема радост? Вака се чувствував на промоциите на моите книги. Одвај чекам заедно да креираме следниот час, бидејќи нема ништо повозвишено од чинот на креација и споделување на знаењето. Понекогаш се сеќавам на извесни професори кои само ни диктираа, а можеа да не учат нешто вакво. Дали не е време да се отвори предмет Креативно пишување на сите групи на Филолошкиот факултет. Колку писатели ќе имавме во овие 70 години.. Во групата има и помлада писателка, чии дела ги очекувам со нетрпение. Беше скептична дали припаѓа кон групата. Секако, бидејќи најдобро се учи од искусни. Вежбата која ја зададов, беше да напишеме расказ, инспирирани од вест, преземена од црна хроника во весник.  Драги мои, инспирацијата е насекаде. На...

ПРАШАЊАТА КОИ ГИ ИМАТЕ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Image
     Овој викенд моето сандаче е преполно со Ваши пораки и тоа ме прави многу среќна!  Вчера го одржавме првиот час со две прекрасни „писателки во подем“. Се надевам ќе напишат самите дали им се допадна часот, дали нешто научија. Во пораките кои ги добив, со право ме прашувате што ќе се учи на работилницата, сакате да знаете дали ќе добиете доволно за сумата која ќе ја платите. Горан Стефановски, во својата „Мала книга на стапици“, потенцираше дека ако во математиката има таблица на множење, во хемијата има периодичен систем на елементи, и во книжевноста постојат елементи без кои не може да постои еден книжевен текст. На Работилницата јас ќе Ви ги откријам елементите кои ја подигаат читливоста на еден текст и го прават неодолив за читателската публика. Многумина од Вас ми пишаа дека имаат објавено книги, но штом ми се обраќаат знам дека нешто ги мачи. Ги мачи прашањето зошто не се читани, зошто никој од книжевната критика не ги препознал, не ги пофалил.  За нек...

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАУЧИТЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ?

Image
  Во претходниот пост Ви предочив на кои три прашања треба да си одговорите позитивно за да знаете дали поседувате писателски талент и дали сте потенцијално соодветен кандидат за да ја посетувате Работилницата за креативно пишување. Работилницата за креативно пишување е наменета за „писатели во подем“, за талентирани ентузијасти кои имаат илјадници приказни во својата глава, а кои не успеваат да почнат или немаат време да развијат вистинска приказна. Работилницата ќе Ве научи како да најдете време за пишување, кои методи да ги примените за поефективно пишување, како економично да ги исконструирате важните елементи за постоењето на една приказна, како да ја избегнете патетиката и непотребните детаљи и како да ѝ се допаднете на читателската публика. Ќе сфатите како да го исполирате својот текст и да го направите доволно добар за објавување. Убава вест е што денес ми се јави една прекрасна дама, која ми вети дека најдобрите текстови кои ќе се „родат“ на Работилницата ќе бидат о...

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ ПОСЕДУВАТЕ ПИСАТЕЛСКИ ТАЛЕНТ?

Image
  Многумина од заинтересираните за работилницата за креативно пишување, со право ме прашаа: „како да знам дали сум соодветен кандидат за работилницата?; дали можеби треба да имам некакви предзнаења?; како да знам дали поседувам писателски талент? За да посетувате работилница за креативно пишување, не е потребно да поседувате никакви предзнаења од областа на книжевноста. Доволно е да умеете да смислувате приказни.   Прашајте се себеси: - дали кога седите дома пред менталниот екран ви прелетуваат настани, дијалози и ликови?; - дали кога се возите во автобус ги приметувате деталите на лицето на патниците и без контрола започнувате конструирате приказна?; -дали можете да го задржите вниманието на „публиката“, правејќи „драма“ од неважна ситуација? Ако на прашањата одговорите позитивно, тогаш вие имате талент за пишување. Работилницата за креативно пишување е замислена како забава. На часовите ќе добиете ветер во грб за да ја употребите својата имагинација. Јас веру...