Posts

Програма за индивидуален менторски пристап

Image
  Драги мои, Во последните три и пол години низ Работилницата за креативно пишување поминаа триесетина писатели во подем, како што јас љубам да ги наречам, иако многу од нив беа веќе оформени писатели со соптвен стил. Поголем дел од моите драги писатели ги посетуваа групните предавања каде бескрајно се забавуваме, се смеевме, но и страсно работевме. Помалиот дел од писателите, оние кои сакаа повисок степен на перфекционирам, се одлучуваа да создадам за нив  Програма за   индивидуален менторски пристап  која јас несебично ја адаптирам за секој посебно, во зависност од авторските преференци, искуството и претходно напишаниот материјал.  Мислењата на дел од моите досегашни студенти за Работилницата за креативно пишување можете да ги прочитате тукa  https://www.facebook.com/profile.php?id=100064060481184&sk=reviews  Како што споменав групните часови се многу забавни, динамични, на нив учиме, пишуваме, се критикуваме меѓусебно, но и растеме и созда...

„Приказната за Мо-Ре и Мо-Ав“ - Весна Котевска

Image
Мо-Ре и Мо-Ав беа браќа. Родени. Се родија и израснаа во Земјата на Сонцето и Градот на смогот. Мајка им мајчински ги галеше, татко им татковски ги караше, но и двајцата добро ги воспитуваа- да го разликуваат доброто од злото. Сепак, кога пораснаа луѓе, што се вели возрасни и разумни, почнаа многу да се разликуваат. Мо-Ре си живееше во стан од 68,54 м2 во центарот на градот, убав, комфорен, со терасичка. Си одеше на работа во една фирма за Веб дизајн и си работеше кога осум, кога десет, а богами и дванесет часа. Иако одеше малку поднаведнато, со спуштен поглед и имаше мали уши, ситни очи и стиснати усни, не беше ниту глупав ниту зол. Едноставно не сакаше да гледа некои работи што се случуваа околу него, па инстиктивно ги затвораше очите. Не сакаше ниту да слуша за нештата што му предизвикуваа непријатност и често си ги покриваше ушите со дланките. Мо-Ре најмалку сакаше да зборува за работите кои му се гледаа нелогични и тогаш цврсто ги стискаше усните во права танка линија. Иако не...

Случка во дворецот (расказ) Елеонора Б.

Image
  Силна детонација ја преплаши и таа ги отвори очите. Се најде во темна просторија со сноп светлина , мувлосани ѕидови и рамномер ни зву ци на кап ење кои завршува а во вирче.   Детонација - звук на громогласно кивање од кое се затресе целата просторија. Се допира себе си и не знае каде се наоѓа. Последно што го памети е модната писта по која што грациозно оди. Облечена во најновиот модел кој гордо го прикажува на пистата. Оди со мачкин од на високите потпетици. Одмавнува грациозно со главата, лелеавата руса коса свиленкасто ја гали по голите сатенски раменици. Рефлектори, ритмична музика. Оди зад сцената и наеднаш мрак. Нешто и се лепи на рацете. Не може да види, очите и се потечени. Крв? Пот? Се допира по телото . Одекнува нечие г ромогласно кивање . Н е е сама во собата. Два трошни кревети, на едниот речиси неподвижно лежи таа. Конечно го подотворa едното око и гледа силуета. Дебела топчеста силуета на креветот спроти неа. „ Која си ти ? З ошто си овде? Как...

„48 ЧАСА до НОВ ЖИВОТ“ СУЗАНА П.

Image
    „На здравје“, рече црнокосата убавица на искршен англиски јазик сместена на импровизираниот кревет до мене откако кивнав три пати рафално. Тоа беа првите зборови што ги слушнав од неа од моментот кога нѐ затворија во оваа мрачна мала просторија со студени и влажни ѕидови и мирис на мувла. Не дека проплакав за муабет со непознат, но сепак, таа беше единствената жива душа тука, која ме потсетуваше дека и јас сум уште жива. „Ти благодарам“, ѝ одговорив и продолжив во мислите да создавам отвор од малата дупка во ѕидот во која зеев, небаре хипнотизирана. Бев изморена од сѐ – од танцување во загушливите мрачни барови во кои се чувствуваше повеќе алкохол одошто кислород, од еврата кои ми ги туткаа во градникот и очекуваа да им седнам в скут, од валканите рачишта кои ме допираа секаде каде што ќе посакаа, од утрата за кои ми беа потребни барем две линии од оној фин бел прашок за да ги издржам без да бидам наполно свесна за она што се случува, од Митат кој собираше сѐ што ќе ...

„Памучни бонбони“ Ведрана Ж.

Image
Русокосата кивна. -На здравје, рече црнката. -Здравје да имаш... Ако ти треба. -возврати Русокосата и кивна уште еднаш. -Здравје секогаш треба... Иако, да ти кажам, може и треба да се провериш, преслаба си. -Така ми кажа и Марта, последен пат кога ја видов. -Што мислиш дека се случи со неа? Сигурно е во самица. -Во самица е сто посто. Месец дена не и гине сама со себе. Ужас. -И, јас бев во самица пред да ме стават со тебе во соба. -И, што зар имам, сите од кај мене во самица одат. Јас да не сум следна? -Прави како што ќе ти каже и нема да бидеш. -Како е таму? -Каде? Во самица? -Да... Како преживуваш? -Еј, мала, не е различно од тука. Само што има еден кревет и нема прозорец. И, само што ти се редат, еден по друг, како на свадба за сликање... -По колку души дневно? -Не знам зависи. Искрено, не повеќе од четворица... Не ме јавнале повеќе од четворица. Веројатно и имав среќа, брзо свршуваа, напалени војници... Знаеш како е со нив... -Само од војската доаѓ...