Бојана Костова „Патот до себеоткривањето на Грдото Пајче“
Се сеќавам на моментите од мојата најрана возраст кога сите од семејството се собираа околку мене и го набљудуваа мојот раст и развој. Мислев дека им е интересно моето танцување, зборување, пеење, а нивното внимание ми беше поттик да изведувам секакви активности со што се правев важна пред мојот брат. Пријателите на моите родители и другарите на мојот брат исто така беа заинтерсирани да ме гледаат. Кога пораснав почнав да сфаќам од каде доаѓа љубопитноста и зошто толку погледи биле упатени кон мене. И покрај тоа што не сакам, истите погледи ме следат и денес, од сите страни. Јас сум Миа, имам 16 години, одам во средно учил...