Posts

Лука „РОНИ, ВУЛИ И ЦРВЕНКАПА“ (расказ)

Image
    Тивки, а сепак разиграни во ритам, дождовните солзи танцуваа на прозорските капаци. Часовникот типкаше и ми шепотеше дека ноќта е длабоко навлезена во прегратките на облаците и дека на мојот ум му е потребен сон. Сонот никако не доаѓаше во собата на чиишто ѕидови сенките од улицата создаваа мистериозни слики. Мислите за она што ќе се случи, во утрото што доаѓа, ми тежеа на очните капаци и татнеа како громовите во далечината. Дали навистина посакувам да се случи неизбежното или сето ова е само сцена од некој филм, прераскажуван одново и одново. Дали посакуваниот исход ќе ме направи среќна и сѐ ќе биде во ред после тоа или само ќе ја направи болката во грбот засекогаш присутна, како потсетник на она што се обидувам да го заборавам. Веќе стана бесполезно лежењето во студениот кревет и со крајни напори, полека се исправив и решив да се напијам нешто топло кое би ми ги стоплило сите сетила или барем за миг би ме релаксирало. Немаше потреба да ги вклучам светлата во мојот ма...

Level 5678-ИРИС

Image
 Денес е прекрасен ден, сите мои колешки писателки напишаа раскази кои, ако самите дозволат, ќе ги објавам во следните неколку денови. На мое големо изненадување расказ добив и од ИРИС, која не е наша учесничка, но толку е добар што немам срце да не го споделам со сите кои не следат. ИРИС „LEVEL 5678“ Се разбудив од сон, ненадејно и стресно, со некакви чудни звуци кои изминуваа во тишината. Како да беше кошмар, ама не беше. Беше тоа сон многу поразличен од сите претходни.  Го погледнувам отворениот лаптоп, екранот сеуште беше светол. Беше три часот по полноќ, веројатно не сум ни спиела долго.  Чувствувам ужасна жед и блага тахикардија, треперење, а сепак будењето ми доаѓа како некое олеснување. Додека се обидувам да се расонам и смирам, се навраќам на на деталите од сонот.  Овој сон беше обоен во црвено. Многу често сонувам во боја и точно знам дека сонот беше црвен. И навистина крвав. Се присетувам: јас во сонот бев облечена во тешка црвена тантела, со многу слоеви,...

ЅВЕЗДАНА „ЦРВЕНКАПА И НЕЈЗИНОТО ЛУДИЛО“

Image
  Драги мои, Нашата Eсенска Работилница полека ги дава првите резултати. Ѕвездана направи римејк на познатата сказна „Црвенкапа“. Слободно давајте ги вашите коментари и оцени. Ева го облече црвениот капут и излезе низ вратата од станот. Додека се симнуваше по скалите, со едната рака си ја поднамести капата. Црвената плетена капа ѝ стана заштитен знак. Ја обожуваше бидејки пред неколку години ѝ ја сплете нејзината баба, но и затоа што ѝ прилегаше совршено на зелените очи и русата коса. Другарките, на шега ја викаа Црвенкапа, секогаш кога ја носеше.  Симнувајќи се по скалите, со ќесата во едната рака, Ева безуспешно се обидуваше да го стегне капутот, затоа што надвор времето беше студено. Сакаше што побрзо да го однесе гроздовиот сок на баби си. Ружа одново беше анемична, и беше убедена дека сокот ѝ помага. Кога излезе од зградата, Ева веднаш се покаја што се реши да оди пеш, наместо со автомобил. Ветрот беше ледено студен и продираше низ облеката. Го мразеше чувството к...

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

Image
E ден од модулите на мојот курс за Креативно пишување само ја допира интертекстуалноста, која е посебен дел од теоријата на литературата.   Дијалогот со великите писатели е неизбежен и ако сакате да бидете успешен писател не смеете да си дозволите да читате сомнителна литература од автори без репутација.  Ако не знаете што да одберете кога купувате, само прашајте дали авторот има добиено светски позната награда .  Јас денес ќе ви предложам 25 книги кои мене ми направиле умствена еурека. Има уште 2000 кои можам да ги набројам, но авторите на книгите кои ќе ги набројам се, секој сам за себе, неисцрпно море во кое можете да пливате цел живот: 1.Мајсторот и Маргарита 2.Евангелието според Исус Христос 3.Неподнислива леснотија на постоењето 4.Воскресение 5. Сто години самотија 6. 1984 7. Браќа Карамазови 8. Клетници 9. 1q84 10. Добра земја 11. Се викам црвена 12. 40 правила на љубовта 13. 5 агли 14. Ана 15. Вештица 16. Миракули на грозомората 17. Столот на ...

Гнев-Л.Џ

Image
   Работилницата за креативно пишување продолжува. Нашата мила Л.Џ. напиша прекрасен расказ според новинарски текст.   Гнев-Л.Џ ,,Гневете се, но не грешете, сонцето да не зајде над гневот ваш“   Кога Леонора се разбуди Месечината ја беше преплавила нејзината ќелија. Не се сеќаваше кога заспа. Нејзината златна коса беше растурена на перницата како сноп од жолта слама, а очите длабоки и доволно црни за да се спојат со ноќта. Леонора се сврте полека кон Месечината како да бара последен светол зрак за себе. Последното нешто што го паметеше беше крв насекаде околу себе. Полека почна да се присетува и на другите работи. „Ох што сторив? Зарем можев навистина да го сторам тоа? Мојот мил Хуан, како е, дали е сѐ уште жив?“ Со тага почна да го замислува својот мил сопруг. Т олку малку знаеше за него кога прв пат ја поминаа ноќта заедно! Но, таа ноќ беше пресудна. Веднаш з наеше дека ја пронајде својата дестинација засекогаш. Тој не беше зборлив како и таа, но тие г...