Posts

Оли Коне -Убавицата и ѕверот

Image
                        Јануари, првиот месец, полека измина. Најздодевниот и најдолгиот месец, после сите слави и празници, конечно беше завршен. Килограм повеќе од сите прекрасни јадења беа сведоците врз нашите тела. Тивок убав амбиентален џез ми свири во собата додека мислам што да ви напишам, која ли приказна? Можеби ќе ви биде интересна онаа за Јана и Лазар. Јана, преубавата градска девојка. Немаше момче кое не ќе се загледаше во неа. Висока и стројна, таа им ги бодеше очите на мажите како со шило. Нејзината убава црна коса, како кинеска свила, го красеше белото лице накитено со гајтан веѓи под кои сјаеа дијамантските сини очи. Кога минуваше низ градските калдрми ќе затрубеше некој автомобил кој го управуваше хипнотизиран возач од нишањето на нејзините колкови. Јана живееше во стара трошна куќичка во центарот на градот заедно со нејзиниот хронично болен татко. Сепак нивниот дом беше исполнет со љубов. Соседите сите ...

Почеток на тенката линија

Image
 По вториот час од нашата Работилница, која ја започнавме на крајот на јануари, го имаме првото дело кое сакаме да го споделиме со вас, драги наши читатели. Нашата Тања напиша вовед во нешто што ќе прерасне во подолг прозен текст.   Taња Јовевска ПОЧЕТОК НА ТЕНКАТА ЛИНИЈА  Стоеше потпрена на еден од болничките ѕидови, за неа добро познати. Беше облечена во едни стари тренерки дадени за спомен. Нејзината коса беше неуредна, што беше одраз и остаток што го влечеше како опашка од нејзиното претходно петгодишно секојдневие. Планираше да се ослободи од таа опашка  во наредните денови. .  Беше први јануари.2018, денот кога Ања рече: ,,Доста е! Нема ништо од себе да сменам, напротив ќе дојдам до себе, ќе бидам јас”. Нејзинатацел беше поставена и таа ќе ги земеше препреките, секој нов ден ќе ги земеше под пазувите за да го осетат нејзиниот мирис на решителност, посматрајќи како нем сведок како препраките безоглаво ја напуштаат , а таа со смиреност ги отпоздравуваше. Нас...

ЅВЕЗДАНА „Трипати во ноќта“

Image
      Со густиот чад од цигарата, Елена си додаваше проѕирна завеса пред погледот, кој беше и онака полн од магично декорираниот ресторан на хотелот Александар Палас. Целиот хотел беше декориран со новогодишни елки, светкави подароци и стаклени снегулки кои висеа на големите прозорци. Уште неколку дена и ќе ја пречекаат 1962 година. Седеше удобно во новата голема фотелја на ново отворениот луксузен хотел. Со новите увозни потпетици и бундата од визон, дваесет и пет годишната девојка, имаше право да се чувствува како принцеза на мигот, иако разговорот со Димитар ѝ беше здодевен. Димитар беше успешен адвокат еден од многуте градски ергени за кои нејзините пријателите мислеа дека ќе биде добра прилика за неа, па сосем спонтано, а всушност целосно испланирано им договорија вечера. Иако за општеството беше сосем прифатливо девојка на нејзини години да „улови ” перспективно момче и да основа семејство, Елена имаше поинакви планови. Таа сакаше да биде независна. Мечтаеше...

„За тебе и Ева“, автор ЛУКА

Image
Една декемвриска ноќ, 1940 година      Сирената што татнеше низ улиците на Лондон ѝ ја заледи крвта. Цврсто стегајќи ја рачката од куферот и чантата што веќе ѝ направи вдлабнатина во рамото, Елена се упати кон влезот на Хотел Риц. Околу нејзе трчаа избезумени луѓе, брзаа да стасаат во своите домови пред полицискиот час. Беше свесна дека ова патување е опасно, се противеше на сите што ѝ велеа да не стапнува во временската топка и да го избрише минатото. Елена веруваше дека има начин да го врати Пол во својот живот, во својата иднина, во нивната заедничка иднина. Овој град ќе ѝ ја оживее љубовта за којашто вреди да се изгуби животот. Навидум смирена, но со растреперено срце и жештина што ја облеваше од глава до петици, застана пред пултот кајшто требаше да се пријави како гостинка. Облечена во темно зелен капут кој совршено ја потенцираше бојата на нејзините зелени очи, природно кадравата коса внимателно собрана под волнената шапка и кратките чизмички во кафена бо...

Лука „РОНИ, ВУЛИ И ЦРВЕНКАПА“ (расказ)

Image
    Тивки, а сепак разиграни во ритам, дождовните солзи танцуваа на прозорските капаци. Часовникот типкаше и ми шепотеше дека ноќта е длабоко навлезена во прегратките на облаците и дека на мојот ум му е потребен сон. Сонот никако не доаѓаше во собата на чиишто ѕидови сенките од улицата создаваа мистериозни слики. Мислите за она што ќе се случи, во утрото што доаѓа, ми тежеа на очните капаци и татнеа како громовите во далечината. Дали навистина посакувам да се случи неизбежното или сето ова е само сцена од некој филм, прераскажуван одново и одново. Дали посакуваниот исход ќе ме направи среќна и сѐ ќе биде во ред после тоа или само ќе ја направи болката во грбот засекогаш присутна, како потсетник на она што се обидувам да го заборавам. Веќе стана бесполезно лежењето во студениот кревет и со крајни напори, полека се исправив и решив да се напијам нешто топло кое би ми ги стоплило сите сетила или барем за миг би ме релаксирало. Немаше потреба да ги вклучам светлата во мојот ма...