Posts

Случка во дворецот (расказ) Елеонора Б.

Image
  Силна детонација ја преплаши и таа ги отвори очите. Се најде во темна просторија со сноп светлина , мувлосани ѕидови и рамномер ни зву ци на кап ење кои завршува а во вирче.   Детонација - звук на громогласно кивање од кое се затресе целата просторија. Се допира себе си и не знае каде се наоѓа. Последно што го памети е модната писта по која што грациозно оди. Облечена во најновиот модел кој гордо го прикажува на пистата. Оди со мачкин од на високите потпетици. Одмавнува грациозно со главата, лелеавата руса коса свиленкасто ја гали по голите сатенски раменици. Рефлектори, ритмична музика. Оди зад сцената и наеднаш мрак. Нешто и се лепи на рацете. Не може да види, очите и се потечени. Крв? Пот? Се допира по телото . Одекнува нечие г ромогласно кивање . Н е е сама во собата. Два трошни кревети, на едниот речиси неподвижно лежи таа. Конечно го подотворa едното око и гледа силуета. Дебела топчеста силуета на креветот спроти неа. „ Која си ти ? З ошто си овде? Как...

„48 ЧАСА до НОВ ЖИВОТ“ СУЗАНА П.

Image
    „На здравје“, рече црнокосата убавица на искршен англиски јазик сместена на импровизираниот кревет до мене откако кивнав три пати рафално. Тоа беа првите зборови што ги слушнав од неа од моментот кога нѐ затворија во оваа мрачна мала просторија со студени и влажни ѕидови и мирис на мувла. Не дека проплакав за муабет со непознат, но сепак, таа беше единствената жива душа тука, која ме потсетуваше дека и јас сум уште жива. „Ти благодарам“, ѝ одговорив и продолжив во мислите да создавам отвор од малата дупка во ѕидот во која зеев, небаре хипнотизирана. Бев изморена од сѐ – од танцување во загушливите мрачни барови во кои се чувствуваше повеќе алкохол одошто кислород, од еврата кои ми ги туткаа во градникот и очекуваа да им седнам в скут, од валканите рачишта кои ме допираа секаде каде што ќе посакаа, од утрата за кои ми беа потребни барем две линии од оној фин бел прашок за да ги издржам без да бидам наполно свесна за она што се случува, од Митат кој собираше сѐ што ќе ...

„Памучни бонбони“ Ведрана Ж.

Image
Русокосата кивна. -На здравје, рече црнката. -Здравје да имаш... Ако ти треба. -возврати Русокосата и кивна уште еднаш. -Здравје секогаш треба... Иако, да ти кажам, може и треба да се провериш, преслаба си. -Така ми кажа и Марта, последен пат кога ја видов. -Што мислиш дека се случи со неа? Сигурно е во самица. -Во самица е сто посто. Месец дена не и гине сама со себе. Ужас. -И, јас бев во самица пред да ме стават со тебе во соба. -И, што зар имам, сите од кај мене во самица одат. Јас да не сум следна? -Прави како што ќе ти каже и нема да бидеш. -Како е таму? -Каде? Во самица? -Да... Како преживуваш? -Еј, мала, не е различно од тука. Само што има еден кревет и нема прозорец. И, само што ти се редат, еден по друг, како на свадба за сликање... -По колку души дневно? -Не знам зависи. Искрено, не повеќе од четворица... Не ме јавнале повеќе од четворица. Веројатно и имав среќа, брзо свршуваа, напалени војници... Знаеш како е со нив... -Само од војската доаѓ...

„Мала драма во Вилестино“ –Ведрана Ж.

Image
      (Лара и нејзиниот маж се наоѓаат во дневната соба, во семејната викендичка во Вилестино. Мажот е свртен со грбот кон вратата, седнат е на трпезарискиот стол и решава судоку. Жената без најава го прободува во десната плешка. Мажот срипува, се свртува и го гледа изобличеното лице на својата жена, која се тресе и вреска.)   ЛАРА: Ќе те убијам, копиле, ќе те убијам! МАЖОТ: Застани, те молам, застани... ЛАРА: Ме молиш? Моли ме! Моли ме за живот! МАЖОТ: Лара, што се случи?Спушти го ножот! Да разговараме! ЛАРА: Завршивме со разговори, молчи, копиле низаедно! Молчи! Ќе те убијам! МАЖОТ: Лара... Лара... Не си при себе... ЛАРА: Не сум при себе?! Не, бе злато при себе сум. Ќе те убијам, немаш каде да бегаш, сами сме, никој нема да те чуе. Ќе те бодам до смрт. И, кога ќе бидеш мртов, уште ќе те бодам, по еден убод за секој поглед. МАЖОТ: Каков поглед, Лара? Смири се, не си при себе... ЛАРА: Боли, а боли? Епа, боли и уште ќе те боли, како мене шт...

Да се биде писател-хоби или професија?

Image
Оние кои не следат, сведочат дека три години посветено им служиме на писателите во подем и дека нашата несебична и искрена посветеност кон сите наши студенти, им ја разбуди креативноста и дека со помош на нашите Работилници  се "родија" неколку романи, стихозбирки и раскази.  Сепак, (зборувајќи генерално) кај писателите во подем, независно од образованието и возраста, забележувам тренд на високо нeпознавање на Правописот на македонскиот литературен јазик, и тоа до некаде го разбирам. Но она што ме изненадува и ме шокира е непознавањето на Синтаксата на нашиот јазик, затоа што јазикот е жива материја и грешките во конструкцијата на речениците укажува на сериозно поткопани јазични и говорни вредности. Зошто е таква состојбата?  Верувам дека сите ниe сме бомбардирани од неписмениот говор на јавните личности и неписмено напишаните содржини во поголем број од медиумите, дека сме под силно влијание од различните содржини на англиски јазик или јазиците на соседните нации. Сепак,...
Image
Бидејќи февруари е месец за љубов, уживајте во овој љубовен расказ на нашата Лидија, кој не го лекторирав, ви го подарувам со сите „нерамнини“, оти овој расказ е нежен и лизгав како свилеста љубовна бајка НА КОЈА СТРАНА ОД СВЕТОТ Ја разбуди силен звук. Нерасонета и се’ уште не излезена од тежината на сонот кој ја измачуваше барем два пати во седмицата, таа исплашено скокна од постелата. Со олеснување помисли дека автобусот кој секоја ноќ ја киднапираше и ја возеше заробена не дозволувајќи и’ да се спаси, конечно застанал со силно шкрипење на кочниците. И требаа неколку мига да се потсобере и да сфати дека е безбедна и на сигурно во топлината на својот дом. Длабоко воздивна и при тоа почувствува блага вртоглавица. Со едната рака се пофати за главата, а со другата полека се придржа за креветот, па одвај успеа да седне. Повторно низ просторијата се разлеа звук. Сега веќе и беше јасно дека некој упорно и ѕвони. Ја сврте главата накај наткасната барајќ...