Posts

Книгите (според Sash) кои секој писател мора да ги прочита

Image
E ден од модулите на мојот курс за Креативно пишување само ја допира интертекстуалноста, која е посебен дел од теоријата на литературата.   Дијалогот со великите писатели е неизбежен и ако сакате да бидете успешен писател не смеете да си дозволите да читате сомнителна литература од автори без репутација.  Ако не знаете што да одберете кога купувате, само прашајте дали авторот има добиено светски позната награда .  Јас денес ќе ви предложам 25 книги кои мене ми направиле умствена еурека. Има уште 2000 кои можам да ги набројам, но авторите на книгите кои ќе ги набројам се, секој сам за себе, неисцрпно море во кое можете да пливате цел живот: 1.Мајсторот и Маргарита 2.Евангелието според Исус Христос 3.Неподнислива леснотија на постоењето 4.Воскресение 5. Сто години самотија 6. 1984 7. Браќа Карамазови 8. Клетници 9. 1q84 10. Добра земја 11. Се викам црвена 12. 40 правила на љубовта 13. 5 агли 14. Ана 15. Вештица 16. Миракули на грозомората 17. Столот на ...

Гнев-Л.Џ

Image
   Работилницата за креативно пишување продолжува. Нашата мила Л.Џ. напиша прекрасен расказ според новинарски текст.   Гнев-Л.Џ ,,Гневете се, но не грешете, сонцето да не зајде над гневот ваш“   Кога Леонора се разбуди Месечината ја беше преплавила нејзината ќелија. Не се сеќаваше кога заспа. Нејзината златна коса беше растурена на перницата како сноп од жолта слама, а очите длабоки и доволно црни за да се спојат со ноќта. Леонора се сврте полека кон Месечината како да бара последен светол зрак за себе. Последното нешто што го паметеше беше крв насекаде околу себе. Полека почна да се присетува и на другите работи. „Ох што сторив? Зарем можев навистина да го сторам тоа? Мојот мил Хуан, како е, дали е сѐ уште жив?“ Со тага почна да го замислува својот мил сопруг. Т олку малку знаеше за него кога прв пат ја поминаа ноќта заедно! Но, таа ноќ беше пресудна. Веднаш з наеше дека ја пронајде својата дестинација засекогаш. Тој не беше зборлив како и таа, но тие г...

ДАЛИ И ЗОШТО ЧАСОВИ ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ?

Image
  Драги мои,  Деновиве мојот инбокс е преполн со прашања и тоа многу ме радува. За срамежливите и за оние на кои не успеав да им одговорам, тука ќе напишам објаснување на некои од дилемите кои ве мачат. Сите кои ми се обраќаат за соработка сакаат да дознаат дали ако ги посетат часовите по креативно пишување ќе научат да пишуваат.  Дали возраста е важна?  Дали е можно да се научи да се пишува како писател? Нели за тоа е потребен само талент?   За жал талентот е само дарба, која ако не е правилно менторирана, може да пропадне или да резултира со дела кои не се интересни за читателите.  Јас ќе ви направам паралела со спортот. Дали мислите дека Надал бил само талентиран за играње тенис и дека седејќи дома и гледајќи тенис станал еден од врвните тенисери или морал да тренира секој ден, да има тренер кој секојдневно го советува каде греши и кој му давал инструкции како да се надминува себеси и другите играчи? Исто е и со пишувањето.  Јас не можам да ви ...

ЉУБОВНА-ЈАСМИНА АТАНАСОВА

Image
  Драги мои Зимската Работилница за креативно пишување е на половина пат, а учесничките се повеќе од креативни. Јас после секој час им давам нов креативен предизвик на моите ученици. Минатиот час ги замолив да напишат расказ според еден новинарски текст, кој мене ми се виде интересен, помалку комичен, а по малку бизарен. Веста беше објавена на off.net, со итерпретации од редакцијата на овој весник: Лошо: жена повеќекратно го прободува својот сопруг со нож. Полошо: затоа што на мобилниот му открила слики со помлада и послаба жена. Врв на љубомора: сликите се од нејзе кога била помлада и послаба жена. Како што опишува полицијата, за време на нападот Леонора Н. е во „заслепувачки бес“ од фотографиите што ги фаќа кај сопругот на мобилен. Непомирливоста на Леонора ја опишува и полицискиот извештај според кој кога полицијата влегува во нејзиниот дом, сопругот Хуан Н. веќе има повеќе убоди од нож на рацете и нозете. Леонора не му дава шанса на Хуан ниту за една реплика одбрана, туку ведна...

МАША ТОДЕВСКА „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги наши, Третата писателка која денес ќе ја читате се вика Маша Тодевска. Научно-фантастичната поетика на нејзината проза искрено ме восхити. Таа е нешто помлада од сите досегашни учесници во Работилницата, па од неа очекувам томови романи за нашите читатели. Ma ша Тодевска „Трипати во ноќта“ (расказ напишан според истоимената новела на Алесандро Барико) Целиот свет пропадна под мракот, кој како прекривка ги покри сите емоции, задушувајќи ги. Градбата изгледаше поголемо од вообичаено, почудесно и потаинствено. Хотелот „Александар Палас“ беше осветлен, но неприродната темнина имаше надвладеано и ретка магла го обвиткуваше хотелот. Пол, исцрпен од долгата ноќ помината шетајќи низ Скопје, без двоумење реши да го заврши тој ден и да продолжи со прошетката следното утро. Тој не знаеше дека наскоро ќе се сретне со една личност која ќе биде неговата пропаст. Како што излегуваше од својот автомобил, тој ја забележа прекрасната дама која внимателно чекореше кон хотелот. Изгледаше како само...

ВЕДА „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги читатели,  Денес го објавуваме расказот на Веда. Поради нејзината желба да остане анонимна, јас нема да откривам ништо за неа, освен дека сум среќна што ја запознав. Уверена сум дека од неа следат нови книжевни предизвици, кои ќе ве израдуваат и вас, читателите.  „ Трипати во ноќта“ (според истоимената новела од Алесандро Барико) Напишано од Веда   Мал спортски автомобил се движеше низ скопските полупразни улици со огромна брзина. Зад воланот беше Елена, сопруга на тајкунот Иво Попчевски. Нејзината моќ ја потврдуваше несекојдневната регистрација  „EP 007“ – Елена Попчевска. Нејзиниот немирен дух сакаше брзо возење. Овој пат причината за покачениот адреналин беше друга. Таа бегаше. Во куќата на Водно остави машки труп. Расправијата со нејзиниот сопруг заврши кобно. Тој, мртов, на белиот, крвав килим во спалната соба. Таа закитена со модар накит околу вратот и окото. Причина за расправијата беше нејзиното неверство, овојпат докажано со слики од изнајмен ...

НАШАТА ХРИСТИНА КОЧОВСКА -РАСКАЗ „ТРИПАТИ ВО НОЌТА“

Image
Драги читатели, Есенската група од Работилницата за креативно пишување полека привршува, а моите драги ученички-писателки кои од првиот час се уникатни и многу креативни, за само пет часа се дооформија во писателки со сопствен стил, преференци и идеи за нивните следни збирки раскази и романи.  Јас на минатиот час, инспирирана од новелата на Алесандро Барико „Трипати во ноќта“ им дадов предизвик да напишат расказ во кој еден маж и една жена ќе се сретнат три пати во една ноќ, во хотел во Скопје. Секако резултатот беше неверојатен, дури и за мене. Тие за само еден училишен час успеаја да одговорат на предизвикот и да напишат расказ! Расказот на Христина го објавуваме прв, по случаен избор.  Следните денови ќе ги објавиме и расказите на останатите писателки. Дотогаш уживајте во верзијата на Христина Кочовска. Мене ми беше исклучителна чест и задоволство да ја менторирам нејзината работа, да  ѝ  помогнам да го унифицира својот стил. Верувам дека оваа млада писателка ќе б...